Карбеска и Илиева ќе судат во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

Македонските судијки Силвана Карбеска, по мечот во Лигата на шампионите, ќе судат и натпревар од Лигата на Европа.

Тие се делегирани за натпреварот меѓу холандскиот тим Фортес Венло и унгарскиот Практикер Вац.

Овој дуел е закажан за 5 октомври од 19:00 часот во Венло, а делегат ќе биде Фернандез од Шпанија.