Десниот бек на Вардар, Ивана Трифуноска, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 25. коло во Супер женската лига.
Таа имаше одлична партија на мечот против Куманово и беше меѓу најдобрите стрелци во високиот триумф.
Трифуноска го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 87% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 25. коло беа уште и членките на Спартак и Ѓорче Петров, Анастасија Николовска и Емилијана Ризоска.


























