Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 26. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 26. коло има по една ракометарка од Kуманово, Вардар и Чаир.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Супер женска лига, 26. коло, резултати:
КУМАНОВО – СПАРТАК 37-32
ЧАИР – АСТИБО 41-40
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 21-27
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 10-0 сл.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 26. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Маријана Азеведо (Куманово) – Средниот бек на Куманово даде 13 гола во најважниот меч сезонава против Спартак.
Рона Мифтари (Чаир) – Кадетската репрезентативка на Македонија беше најдобар стрелец против Астибо.
Леона Миленкоска (Вардар) – Левото крило го водеше скопскиот тим до триумф во Битола кај Пелистер.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























