Шведска пак сака ракометен спектакл – поднесе кандидатура за машкото и женското ЕП 2034!

Шведска во последните години е еден од најактивните организатори на големи ракометни натпреварувања, а според најавите, оваа традиција би можела да продолжи и во 2034 година.

Како што објави „Handbollskanalen“, Шведската ракометна федерација испратила официјално писмо за интерес до Европската ракометна федерација за организација на дури две Европски првенства во 2034 година, во машка и женска конкуренција.

Во изминатата деценија Шведска беше домаќин на повеќе големи турнири – ЕП за жени 2016, ЕП за мажи 2020, СП за мажи и жени 2023, ЕП за мажи 2026.

Во моментов, единствено сигурно натпреварување во Шведска до 2032 година е Европското првенство за жени во 2028 година, кое ќе го организира заедно со Данска и Норвешка.

Извршниот директор на шведската репрезентација, Штефан Левгрен, потврди дека федерацијата има јасна стратегија повторно да биде домаќин на големи турнири.

„Организацијата на големи натпреварувања е дел од нашата стратегија, па затоа испративме интерес до ЕХФ. Следниот чекор е да ги разгледаме условите и барањата за кандидатурата“, изјави Левгрен.

Доколку кандидатурата биде прифатена, Шведска би можела повторно да организира двоен ракометен спектакл, слично како во 2023 година кога беше ко-домаќин на Светските првенства.

За машкото ЕП 2034 заедничка кандидатура би требало да имаат Македонија, Словенија и Србија.