Србите ќе поделат 150.000 евра за пласманот на СП!

Машката репрезентација на Србија обезбеди место на Светското првенство 2027, откако во бараж дуелите ја елиминираше селекцијата на Унгарија и направи еден од најголемите успеси во последните години.

Одличните настапи на српските ракометари нема да останат ненаградени. Ракометниот сојуз на Србија одлучи да исплати премија од дури 150.000 евра за историскиот пласман на планетарниот шампионат кој следната година ќе се одржи во Германија.

Одлуката официјално беше потврдена и од членовите на Управниот одбор на РСС, кои на овој начин им оддадоа признание на репрезентативците за големиот успех.

Србија со ова се враќа на светската сцена со големи амбиции, а пласманот против силната Унгарија дополнително ја крена еуфоријата кај тамошната ракометна јавност.