Магдебург е шампион на Германија! Фленсбург не го сопре новиот владетел на Бундеслигата

Тимот на Магдебург е нов шампион на Германија. Магдебург на домашен терен славеше против Фленсбург со 31-30 и ја обезбеди титулата во Бундес лигата.

На три кола до крајот, Магдебург има 58 бодови на врвот на табелата и само еден пораз на 31 меч, додека Фленсбург остана на 49 заедно со Фуксе Берлин.

Ова е четврта шампионска титула за Магдебург во германскиот шампионат, а тимот уште еднаш потврди дека моментално е една од најсилните екипи во Европа.

Во редовите на Фленсбург најефикасен беше Симон Питликсо осум погодоци, но гостите не успеаја да приредат изненадување и да ја одложат шампионската прослава.