Kако во корона време – Хрватите сместени во еднокреветни соби пред СП!

Една од селекциите што се домаќини на претстојниот Мундијал, Хрватска, посакува да се врати во врвот на светскиот ракомет.

За таа цел ХРС не препушта ништо на случајот. Ракометарите под водство на селекторот Дагур Сигурдсон се подготвуваат во Прелог, далеку од градскиот метеж.

Сите 22 играчи и членови на стручниот штаб се сместени во еднокреветни соби, се со цел да не прошири евентуална зараза, грип или вирус.

Хрватите ќе тренираат до 8 јануари во Прелог, тогаш следува контролата со Македонија во Вараждин.

Генералката пред стартот на СП, Хрватска ќе ја има во „Арена Загреб“ на 10 јануари во престолнината. Хрватите се во група со Бахреин, Египет и Аргентина.