Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска во словенечкиот град Зрече против Словенија го одигра првиот контролен натпревар и беше минимално поразена со 26:25 (12:12).
Македонија во текот на утрешниот ден ќе одигра уште еден пријателски натпревар, а ривал ќе биде репрезентацијата на Австрија
За оваа ЕХФ недела во кадетската репрезентација не настапуваа Самоил Ристевски, кој е повреден, како и Дамјан Митев, кој е дел од сениорскиот состав.
Контролните средби со словенечката и австриската репрезентација се дел од подготовките за настапот на Европското првенство за кадети.
Европското кадетско првенство ќе се одржи во периодот од 7 до 8 август во Црна Гора.
Избраниците на Наум Танески за ривали во групната фаза ги имаат репрезентациите на Германија, Франција и Полска.