Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ќе ги започне подготовките за квалификациите за ЕП 2024 година што ќе се играат во Скопје.
Избраниците на Наум Танески ќе учествуваат на силниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“ во романскиот град Плоешти.
Прв ривал на кадетите на Македонија ќе биде репрезентацијата на Египет, потоа ќе следуваат дуелите со Романија и Црна Гора.
Денешниот пријателски дуел меѓу Македонија и Египет ќе се одигра со почеток од 14:30 часот.
Македонските кадети во јануари ќе ги играат квалификациите за пласман на кадетскиот континентален собир, кој ќе се одржи во Црна Гора.
Македонија во квалификациите ќе игра со Косово, Словачка и Швајцарија, а најдобрите две селекции ќе обезбедат билет за ЕП.