Јукиќ: Против Тиквеш не смее да има опуштање и осцилации во ниту еден момент

Ракометарите на Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата и гостување кај незгодниот Тиквеш.

Десниот бек Никола Јукиќ, кој се враќа во ростерот на Охрид по неколку недела пауза поради повреда, очекува тежок натпревар на гостувањето во Кавадарци, иако на првиот натпревар беше остварен убедлива победа со 40-20.

„Тиквеш е сериозен противник, кој многу добро го познаваме, бидејќи многупати игравме со нив досега меѓусебни натпревари. Се подготуваме за тежок и борбен натпревар, па не смее да има опуштање и осцилации против ривал како Тиквеш и секако како и на секој меч одиме на победа. Се надевам дека ќе оствариме ист учинок како и на домашен терен. Клучна ќе биде цврстата одбрана, да бидеме концентрирани од првата до последната минута и да испочитуваме се што ќе се одработиме на тренинзите. Едно е јасно – Тиквеш не смее да се потцени“, вели Јукиќ.

Охриѓани запишаа победи на последните четири пресметки со овој ривал, па посакуваат да продолжи таквата серија.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид се игра во спортската сала „Јасмин“ в сабота со почеток во 18:00 часот.