Јовиќ: Ќе направиме сè да се прикажеме во најдобро светло против ПСЖ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите против ПСЖ.

Тренерот Александар Јовиќ вели дека неговиот тим ќе се обиде да наметне своја игра каков што беше случајот со Кил.

„Играме против екстра-квалитетна екипа, нè чека тежок натпревар и одлична можност за промоција за клубот и градот. Ќе направиме сè да се прикажеме во најдобро светло. Играме против екипа која редовно игра на Ф4 на Лигата на шампионите. ПСЖ преферира брза игра, имаат одлилна транзиција, но ние ќе се обидеме да наметнеме наша игра. Како што игравме и против Кил, ќе пробаме да ги сведеме на што е можно помалку голови. Нè радува што евидентно растеме и ова е одлична можност тоа да го потврдиме. Тренираме во полн состав, Тајник се враќа во тимот и мотивирани сме за дуелот в четврток“, вели Јовиќ.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра во Париз в четврток со почеток во 20:45 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВЕСПРЕМ870121
2ПСЖ ХЕНДБОЛ860218
3СПОРТИНГ851216
4ДИНАМО БУКУРЕШТ850315
5ФУКСЕ БЕРЛИН840412
6ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР81255
7ХК ФРЕДЕРИЦИЈА81164
8ВИСЛА ПЛОЦК81073