Тимот на Пролет по триумфот над Бисинов, запиша пораз на гостувањето кај шампионот Еурофарм Пелистер со 30-21.
Стратегот Александар Јовиќ вели дека нереализираните зицери, кои беа казнети од домашните беа причина за високиот пораз.
„Би сакал да им честитам на ракометарите на Еурофарм Пелистер за победата. Ние отворивме многу лошо во првото полувреме. Создававме шанси, имавме зицери, но не ги реализиравме, а екипа како Еурофарм Пелистер ги казнува сите грешки и направија голема разлика. Во второто полувреме малку се консолидиравме, но тоа беше далеку од нешто што би значело камбек во натпреварот“, изјави Јовиќ.
Следен предизвик за Пролет ќе биде натпреварот против Вардар на гостински терен в петок.
Пелистерци им се вратија на победите – сметката на Вардар ја плати Пролет!