Јехона ги освои бодовите кај Македонија ЃП

Екипата на Јехона на гостувањето кај Македонија ЃП оствари победа од 33:31 (16:16)  во натпревар од 8. коло во прволигашкиот плеј-аут.

Во изедначен натпревар и игра гол за гол, гостите беа повеќе пофокусирани во клучните моменти и заслужени се радуваа на третата победа во вториот дел од сезоната.

Двете екипи немаат никакви шанси за голем прогрес на табелата, но секоја победа е добредојдена за поголема мотивација на играчите.

Најефикасен во победничката екипа беше Мојсие Тасески со девет погодоци, по седум имаа Стефан Бошковски и Адис Салиу.

Кај Македонија ЃП се истакна Мартин Бучуковски, кој имаше девет реализации, но и црвен картон во 49 минута.