Денеска во седиштето на ЕХФ во Виена се одржа ждрепка за четвртфиналето во Европскиот Куп во женска конкуренција.
По елиминацијата на Чаир, Македонија нема клуб во оваа фаза, но има две македонски интернационалки.
Ангела Јанкуловска со Славија Прага ќе се соочи со исландскиот тим Валур, додека Драгана Петковска со Јувента Михаловце оди на мегдан на полскиот Гниезно.
Првите натпревари се играат на 15/16 февруари, додека реваншите се закажани за 22/23 февруари.