Nikolaj JACOBSEN (coach), Norway vs Denmark, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 21.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Јакобсен: Секогаш одиме да победиме, не е крај на светот!

Репрезентацијата на Данска главната фаза на Европското првенство 2024 ја заврши со пораз од Словенија, но овој дуел за актуелниот светски шампион немаше никакво значење.

Данска веќе во третото коло си обезбеди пласман во полуфиналето и на денешниот дуел си дозволи луксуз, односно им направи услуга на Словенците.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, истакна дека не е разочаран од поразот.

,,Поразот од Словенија не беше големо разочарување…Тоа е ризикот кога ќе оставите тројца клучни играчи да седат и да одмараат, а потоа се случи поразот. Секогаш одиме на теренот за да победиме, но не е крај на светот”, изјави Јакобсен.

Освен Данска, во полуфиналето ќе играат Франција и Шведска, а последниот патник меѓу најдобрите четири репрезентации ќе се дознае во текот на утрешниот ден.

„Никој не веруваше дека може да ја победиме Данска“

 

Словенија ги совлада „релаксираните“ Данци, и ќе игра за 5.место на ЕП!