ТРАНСФЕР МАРКЕТ: АЕК донесе норвешки голман, Матиќ-јуниор со шанса во ПИК Сегед, Пржитула во ЧСМ

  • Грчкиот вицепрвак АЕК Атина објави дека е потпишан договор со норвешкиот чувар на мрежата Евид Варпе. 25-годишниот Варпе потекнува од Рунар Сандефјорд, бранеше за Шарлотенлунд, а минатата сезона беше дел од грчката Врилисија.
  • Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед го потпиша десниот бек Давид Матиќ за наредната сезона. Синот на Владан Матиќ, кој има само 18 години, ќе продолжи да игра и за младинците, но паралелно и за сениорите на унгарскиот гигант.
  • Поранешниот кружен напаѓач на Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер, Вељко Давидовиќ, се врати во тимот на Раднички Крагуевац. 33-годишниот Давидовиќ играше за шпанските Бидасоа и Ланцароте, израелскиот Нес Зиона…
  • Екс членот на Куманово, Огњен Радојичиќ, во претстојната сезона ќе настапува за чешкиот првак Талент Плзен. Левиот бек од Србија минатата полусезона ја мина во грчкиот АЕК Атина, но сега се сели во Чешка.
  • Полскиот репрезентативец Дамјан Пржитула замина од Загреб и во наредната сезона ќе има нов предизвик во кариерата. Двомтреашот кој игра на левата бековска позиција ќе игра за романскиот ЧСМ Букурешт.