Klemen FERLIN, Slovenia vs Netherlands, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 21.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

„Никој не веруваше дека може да ја победиме Данска“

Репрезентацијата на Словенија ќе игра за петто место на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија, откако во последното коло од главната фаза триумфираше над Данска со 28:25.

Словенците со победата над Данска го обезбедија третото место во втората група прескокнувајќи ја Португалија и ќе имаат можност да завршат во ТОП 5 репрезентации на континенталниот собир.

Еден од најзаслужните за победата против актуелниот светски шампион беше голманот Клемен Ферлин, кој натпреварот го заврши со десет интервенции.

,,Мислам дека никој не веруваше дека може да ја победиме репрезентацијата на Данска. Без разлика кој е на теренот, тие се еден силен тим, а ние се договоривме дека ќе го дадеме максимумот и дека сакаме да ја покажеме својата моќ и тоа што го поседуваме. Тоа успеавме да го покажеме во текот на целиот натпревар”, изјави Ферлин.

Словенија на претходното Европско првенство беше елиминирана уште во групната фаза, додека на континенталниот собир во 2020 ја освои 4. позиција.

Словенија ги совлада „релаксираните“ Данци, и ќе игра за 5.место на ЕП!