Тимот на Еурофарм Пелистер го имаше првиот собир пред стартот на новата сезона во која битолчани ќе влезат со нов тренер и осум нови ракометари.
На клупата дојде Лино Червар, а меѓу новајлиите се Мартин Серафимов, Ненад Белистојаноски, Босанците Омер Мехмедовиќ и Едвин Џелиловиќ, потоа Словенците Миха Котар и Малик Татар, Србинот Алекса Колаковиќ и Хрватот Диего Басанесе.
Битолчани ќе подготвуваат на домашно тло пред да замине на десетина дена подготовки во Словенија, каде ќе ги одигра и првите контролни натпревари.
На 23 август, Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Партизан, потоа ќе игра и против Ловќен и Дубочица Лесковац на домашен терен.
Првиот меч од Супер лигата е на 6 септември – и веднаш дерби на гостувањето кај Охрид.
























