Ракометарите на Флеснбург се првите финалисти на завршниот турнир во Лигата на Европа, откако славеа со… против Динамо Букурешт.
Клучен во убедливиот триумф на бундеслигашот беше левото крило Емил Јакобсен, кој успеа да постигне дури 11 погодоци.
Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога Фленсбург водеше со 18-11, а во вториот дел само рутински беше одработена задачата.
Покрај Јакобсен, во германскиот тим се истакнаа Хансен со девет и Питлик со шест гола, а кај Динамо Букурешт, се истакнаа Акименко со седум, како и Кудуз и Кашпарек со по пет гола.
Во второто полуфинале ќе играат Рајн Некар Левен и Фуксе Берлин, па јасно е дека ќе има германско финале во Лигата на Европа.