Две од репрезентациите што се дел од квалификациите за Европското првенство во 2026 година, поради актуелните ситуации во нивните земји, се приморани да ги играат на неутрален терен домашните натпревари.
Селекцијата на Израел ќе биде домаќин во Србија, односно во градот Краљево, каде што ќе ја пречека Романија на 13 март од 21:00 часот.
Истиот ден на истото место Србите ќе се соочат со Шпанија од 18:00 часот.
Украинците, откако првиот меч на домашен терен против Фарски Острови го играа како домаќин во Вилнус, и вториот ќе го играат во Литванија, но во друг град.
На 16 март од 18:00 часот во Клаипеда, Украина ќе игра против селекцијата на Косово.