Избор на најдобрите во Куманово за 2024: Признанија за Цветановска, Кипријановска, Јовановска…

Во организација на Општински сојуз на спортови на Куманово, се одржа изборот за најдобрите спортисти за 2024 година.

Тимот на Куманово може да се пофали со три индивидуални признанија за Сара Цветановска, Марија Јовановска и Ана Михајловска.

Капитенот Цветановска е најдобра спортистка во сениорска конкуренција, Јовановска е најдобра спортистка во младинска конкуренција, додека Михајловска доби признание за успешни настапи во категоријата најмлади спортисти.

Признание доби и македонската репрезентативка Јована Кипријановска, за најдобра спортистка од Куманово што настапува во странство.