Историска поддршка за ракометарките – „Боро Чурлевски“ распродаден!

Женската репрезентација на Македонија денеска против Полска ќе брка минус четири негатива за мундијалска виза.

Избраничките на Кристијан Грчевски во Полска беа поразени со 22:18 и на денешниот реванш меч ќе треба да го дадат најдоброто од себе за да ја израдуваат македонската јавност.

Нашите ракометарки ќе имаат голема поддршка од трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“, која на 40 минути пред почетокот на натпреварот е целосно распродадена.

Ова е по прв пат во поновата историја репрезентативките да играат пред полна сала. Иако Македонија беше еден од домаќините на Европското првенство во 2022 година, сепак, СЦ „Борис Трајковски“ не беше исполнет до последното место на ниту еден натпревар.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска е закажан за 19:00 часот, а правдата ќе ја делат Хатиполгу и Симшек од Турција, додека делегат ќе биде Вукашиновиќ од Србија.

Јанеска Килдан: Многу екипи потклекнале на битолската атмосфера, мора да веруваме повеќе во себе!

 

Македонија на сè или ништо против Полска за мундијалска виза!

 

Последен репрезентативен танц за Саздовска и Маџовска!

 

Балсам: Знаеме како треба против Македонија