Десниот бек од Србија, Лазар Петровиќ, ќе има нов предизвик во кариерата, откако замина од финскиот Рихимаки Кокс.
Петровиќ потпиша за составот на унгарскиот Комло, само неколку дена откако ја прослави шампионската титула во Финска.
25-годишниот Петровиќ, значаен дел од кариерата мина и во Македонија, каде ги носеше дресовите на Тиквеш и Охрид.
Србинот во својата кариера ги носеше дресовите и на Раднички, Партизан, Црвена Ѕвезда, Локомотива Лапово, Варберг од Шведска, како и Ал Салмија од Кувајт.