Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 6 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Вардар, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Тиквеш, како и двајца од Охрид.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 6. коло, резултати:
РАДОВИШ – ТИКВЕШ 23-35 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-35 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – БИСИНОВ 35-18 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – СТРУГА 35-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 28-25 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП 25-18 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата брани во одлична форма и беше меѓу најдобрите против Прилеп.
Лево крило: Марко Срдановиќ (Вардар) – Српскиот интернационалец беше најдобар стрелец на мечот со Пролет.
Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец даде десет гола против Куманово.
Среден бек: Ловро Јотиќ (Охрид) – Новото засилување на „гладијаторите“ полека покажува дека ќе биде од голема корист.
Десен бек: Никола Шипинкоски (Охрид) – Младиот охриѓанец доби прилика и се истакна на мечот со новиот суперлигаш.
Десно крило: Никола Костески (Алкалоид) – Десното крило постигна 13 погодоци на мечот против неговиот матичен клуб.
Пивот: Кристијан Анастасовски (Тиквеш) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Радовиш.