Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 5 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Вардар, како и по еден од Охрид, „сино-белите“ од Автокоманда, Пролет, Куманово и Прилеп.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 5. коло, резултати:
Плеј-оф
АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 33-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ОХРИД 20-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 34-35 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 24-26 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – БОРЕЦ ФЛ 28-25 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ПРИЛЕП 25-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Мигел Еспиња (Вардар) – Чуварот на мрежата бранеше одлично и беше меѓу творците на триумфот во Битола.
Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – Левото крило вторпат во серија е дел од идеалниот тим, откако беше меѓу најдобрите и против Радовиш.
Лев бек: Дмитро Горига (Вардар) – Украинецот беше херој и стрелец на победничкиот гол во Битола.
Среден бек: Лука Матачиќ (Куманово) – Плејмејкерот беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Борец ФЛ.
Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец беше најдобар стрелец против Бутел Скопје.
Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Десното крило беше меѓу најдобрите во тимот на Стевче Алушовски во победата во Кавадарци.
Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Кружниот напаѓач постигна пет погодоци против Струга и заврши одлична работа и во одбраната.