ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 4 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Тиквеш, Охрид, Струга и Пролет.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 4. коло, резултати:

Група А

Аеродром – Алкалоид 30:44 (ИЗВЕШТАЈ)
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 24:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Струга – Скопје 37:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Тиквеш 16:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613

Група Б

Прилеп – Вардар 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел – Голден Арт 29:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 17:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Пролет – Мулти Есенс 32:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 4.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Мерис Бошњак - десен бек - Струга
39.26%
Бојан Блажески - голман - Бутел Скопје
24.11%
Теимураз Орјоникидзе - лев бек - Охрид
14.20%
Матија Николиќ - среден бек - Вардар
9.19%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер
6.32%
Евгениј Темелкоски - десно крило - Тиквеш
5.61%
Филип Арсеновски - пивот - Пролет
1.31%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата на бутелци беше меѓу најдобрите поединци против Голден Арт.

Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Левото крило на шампионот беше најдобар стрелец на мечот со Вардар Неготино.

Лев бек: Теимураз Орјоникидзе (Охрид) – Грузискиот репрезентативец го водеше Охрид до три бода против Еурофарм Пелистер 2.

Среден бек: Матија Николиќ (Вардар) – Србинот играше и на левата и на средната бековска позиција и со 11 гола беше лидер во победата над Прилеп.

Десен бек: Мерис Бошњак (Струга) – Црногорскиот интернационалец со десет гола ја водеше Струга до триумф над Скопје.

Десно крило: Евгениј Темелкоски (Тиквеш) – Прилепчанецот беше меѓу најдобрите поединци во победата на гостински терен кај Куманово.

Пивот: Филип Арсеновски (Пролет) – Кружниот напаѓач на Пролет со пет гола беше меѓу најзаслужните за бодовите против Мулти Есенс.