Еурофарм Пелистер се прошета низ Неготино

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа во Супер лигата, откако славеше на гостински терен кај Вардар Неготино со 32-17. По поразот од Вардар, битолчани нанижаа три победи за зголемена самодоверба пред продолжението на сезоната во Супер лигата и Лигата на шампионите.

Неготинци предводени од голманот Мицев парираа во мал дел од мечот и одржуваа резултатска рамнотежа. При 5-4 за битолчани, домашните пропуштија неколку прилики, но ниту шампионот не успеваше да реализира преку Нилсен, Радивојевиќ, Костески…

Тренерот Јовиќ ги внесе во игра Цехте и Борзаш, Кизиќ бранеше одлично, па гостинскиот состав ја забрза играта и се одлепи на плус шест 11-5, а беше и 12-6. Неготинци искористија две одбрани на Мицев и намалија на 12-8. Јовиќ побара тајм-аут, Еурофарм Пелистер преку Петар Атанасијевиќ ја зголеми предноста на паузата.

На стартот на второто полувреме, шампионот заигра поцврста одбрана, домашните немаа премногу идеи во нападот и набрзина беше решен натпреварот. Седум гола за седум минути на битолчани за 19-8 и до крајот се играше само рутински.

Гостинскиот тренер комбинираше со составот, шанса во нападот добиваа и Нилсен и Стевановиќ, додека Котевски на домашната клупа немаше премногу избор. Неготинци имаа неколку добри акции, но тоа беше премалку за нешто повеќе на овој дуел.

Најдобри стрелци кај шампионот беа Петар Атанасијевиќ со осум и Костески со седум погодоци, додека Адамовиќ постигна пет за Вардар Неготино.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126