Тимот на Горење Велење, каде што игра Македонецот Михаил Иваноски, по пласманот во втората рунда од ЕХФ Европскиот Куп, им се врати на домашните обврски.
Горење Велење славеше во драматичен натпревар на гостински терен кај РИКО Рибница со 29-28, а предводник на победничкиот тим беше токму Иваноски.
Десниот бек од Охрид успеа да постигне десет гола во противничката мрежа и беше најефикасен во тимот на Горење.
Тимот од Велење и Иваноски досега запишаа две победи еден пораз во словенчкиот шампионат, а во следното коло го пречекуваат Словењ Градец.
























