И Пролет со лекција за дебитантот Мултиесенс

Во рамките на 4. коло од машката Суперлига, Пролет пред домашните навивачи го совлада составот на Мулти Есенс со 32-27 (17-10). Со оваа победа искусниот скопски суперлигаш го задржа чекорот со водечките екипи Вардар и Еурофарм Пелистер во горниот дел од табелата. Новиот суперлигаш ќе се обиде првите бодови  да ги заработи веќе следното коло.

Иако е ново името на Мулти Есенс во суперлигашкото друштво, ракометните вљубеници го препознаваат како спонзор на судиите минатата сезона. Младите ракометари од Автокоманда собираа искуство првите три кола, но ниту во четвртото не успеаа да се изборат за поволен резултат.

Пролет рано во натпреварот покажа кој е „газда“ во „Македонско сонце“ поведе со пет голови (8-3) и ја одржуваше разлика до самиот крај. Во финишот на првиот дел ПРолет имаше предност и од осум голови, а на полувреме двете екипи заминаа со резултат 17-10 во корист на домаќинот.

Второто полувреме не понуди изненадување, повторно Пролет дојде до предност од највисоките „плус осум“, гостинските ракометари намалија два гола пред новиот бран на домашните ракометари. Вториот дел се играше по нотите на првиот, така во средината на дуелот Пролет дојде до двоцифрена предност, која до крајот на натпреварот се преполови за конечни 32-27.

Најпрецизен во победничкиот состав беше Давор Палевски со 6 голови, додека Александар Василевски и Филип Арсеновски го следеа со по 5 погодоци. Кај гостинската екипа најрасположени беше Олег Јорданов со 12 и Божидар Илиевски со 9 постигнати голови.

Суперлига Група Б

ПозЕкипаGDНПРЛБ
117114130139
216114130139
3101480624
4-71471622
5-411452717
6-5814311010
7-791430119
8-1071420126