Бутел се врати во игра за плеј-оф

Бутел се врати во игра за место на табелата во Б групата што води во плеј-офот откао во градското дерби го победи Голден Арт со 29-23 (12-10). Сега Бутел им се приклучи на Прилеп и Голден Арт кои се на делба на четвртото место, и сите имаат по 6 бода од четири натпревари.

Бутел имаше свои минути на крајот од првото полувреме и на почетокот од второто кога стигна до највиоските „плус 4“ и водство од 14-10. Можеше таа предност да оди на пет гола, но не реализираа напад. Тоа беше и клучниот период од натпреварот во кој Бутел направи предност што потоа ја одржуваше.

Повторно на голот на Бутел добро бранеше Бојан Блажески, но и одбраната на домашните ракометари одигра одлично. На спротивната страна Голден Арт имаше само едно исклучување на “стартови“ и едно за приговор. Домашниот голман мечот го заврши со 13 одбранети топки.

Кога во 49 минута Бутел првпат имаше шет гола предност (22-16) беше најава дека домаќините се блиску до триумф. Потоа таа разлика отиде и на седум гола, 25-18, па последните 7-8 минути од натпреварот требаше, и беа само формалност.

После осум минути играње во второто полувреме Филип Глигоров, тренерот на Голден Арт повторно мораше да бара тајм аут. Играчите делуваа без идеја, технички грешки се правеа лесно, давајќи му можност на ривалот да направи предност што ќе му донесе помирна завршница. Димитар Ѓоргиевски во 40 минута првпат му носи водство од пет гола на Бутел.

Дополнителен проблем за Голден Арт беше и повредата на Христијан Милошески кој во 44 поради повреда мораше да излезе од теренот. Во еден скок имаше дуел со Димитар Ѓоргиевски по што играчот на домашните замина на клупата со казна од 2 минути.

Почетокот на средбата беше во знакот на гостите кои имаа водство, и со 5-3, а потоа со серија од 4-0 Бутел ја презеде иницијативата и тие имаа „плус 2“ за предност 7-5.
Тоа беше знак за тренерот на Голден Арт, да побара минута одмор за да подели совети, но и да го внесе во игра Тоше Ончев кој потоа со два гола во серија го израмни резултатот на 7-7, продолжувајќи ја неизвесноста на теренот.

Домашните добро го чуваа Мице Шилегов, со што изостанаа контрите и головите од десно крило, а на другата страна Голден Арт имаше успешно затворање на Владимир Јефтиќ кој со својата супериорност беше за „глава повисок“ во одбраната на гостите.

„Гол за гол“ се играше се до 22 минута, кога Владимир Јефтиќ зголеми на 10-9, а откако гостите направија грешка во нападот на „плус два“ зголеми Лука Иваниќ. Тие неколку минути во кои Голден Арт не успеа да реализира (двапати погоди статива) му го донесоа и првото водство на домашниот тим од 12-9 преку Томче Стојановски.

Двајцата голмани, Златко Даскалоски и Бојан Блажески имаа свои минути, па двајцата „собраа“ по четитри одбрани во првото полувреме. Блажески продолжи и во вториот дел да брани овозможувајќи им на соиграчите напад за гол. Двоцифрениот број на одбранети удари станува стандард за него кога е меѓу стативите.

Во тимот на домаќините по пет гола дадоа Димитар Ѓоргиевски, Филип Николов и Лука Иваниќ, а кај гостите Тоше Ончев и Мице Шилегов постигнаа по пет гола. Во следното коло Бутел гостува кај Еурофарм Пелистер, а Голден Арт е домаќин на Пролет.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126