Веспрем ја „краде“ ѕвездата на најлутиот ривал!

Австрискиот репрезентативец Себастијан Фримел би можел да направи голем трансфер во унгарскиот ракомет, откако се појавија информации дека за неговите услуги е заинтересиран Веспрем.

Според „RTHandball“, 30-годишното лево крило на ПИК Сегед се поврзува со трансфер во редовите на најголемиот домашен ривал. Засега станува збор за шпекулација и нема официјална потврда дека двете страни постигнале договор.

Фриммел во ПИК Сегед настапува од 2022 година, а пред да пристигне во Унгарија го носеше дресот на швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

Австриецот веќе има значајно искуство во унгарскиот ракомет, а тој нема да биде првиот играч што направил трансфер на таа релација од Сегед во Веспрем или обратно. Во последно време тоа беа Мачковшек, Миклер, Македа,

Доколку шпекулациите се реализираат, Фримел би го заменил дресот на едниот унгарски гигант со другиот – трансфер кој сигурно би предизвикал големо внимание во европскиот ракомет.