ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 14 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Охрид и по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Пролет, Тиквеш и „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 14. коло, резултати:

ОХРИД – ПРИЛЕП 38-28 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 32-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БИСИНОВ ФЛ 45-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – СТРУГА 38-26 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ТИКВЕШ 26-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – РАДОВИШ 33-12 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 14.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Иван Галевски - голман - Алкалоид
56.11%
Иван Тасески - пивот - Охрид
40.35%
Цветан Кузманоски - лево крило - Еурофарм Пелистер
0.96%
Евгениј Темелкоски - десно крило - Тиквеш
0.80%
Стефан Петриќ - лев бек - Вардар
0.80%
Тарик Бакар - десен бек - Пролет
0.64%
Хироки Мацуока - среден бек - Охрид
0.32%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Иван Галевски (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец имаше одлично издание на мечот со Бутел Скопје.

Лево крило: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот беше стрелец на шест гола против велешани.

Лев бек: Стефан Петриќ (Вардар) – Српскиот интернационалец беше меѓу најдобрите на теренот против Радвиш.

Среден бек: Хироки Мацуока (Охрид) – Јапонецот имаше голема улога во победата над Прилеп на домашен терен.

Десен бек: Тарик Бакар (Пролет) – Тунискиот интернационалец имаше шест погодоци против Струга.

Десно крило: Евгениј Темелкоски (Тиквеш) – Прилепчанецот го водеше кавадаречкиот состав до два бода во Куманово.

Пивот: Иван Тасески (Охрид) – Кружниот напаѓач и капитен на Охрид имаше одличен перформанс на мечот со Прилеп.