Бутел покажа дека има квалитет за плејоф иако загуби во Автокоманда

Борбата за влез во плејофот ќе биде до последното коло од регуларнот дел од сезоната, а Бутел со право може, и треба да се надева дека поседува квалитет да биде меѓу најдобрите шест екипи. Бител загуби на гостувањето во Автокоманда 32-24 (15-16), но цело полувреме направи да има „стрес“ во редовите на домашните ракометари.

Не само што играше добро, Бутел и водеше, неколкупати и со два гола предност. Симултанка во овој период одигра Филип Николов со 8 гола, повеќе од половина на неговиот тим. Девет изедначувања на резултатот, а во самата завршница домашните го „свртеа резултатот“, па на полувреме заминаа со предност од 16-15.

Покажа Бутел дека формата оди нагоре, иако им недостасува константност за подолг период. Она што го покажаа во првото полувреме, само е добар знак за тренерот Горан Кузмановски. Но, за да се стигне до најдобрите 6 ќе им треба и некој „скалп“ против фаворитите.

„Сините“ направија првпат предност од „плус 2“ дури на почетокот на второто полувреме кога црвен картон доби Бојан Спасовски. Тогаш и домашните ракометари како да успеаја да го скршат отпорот. Првпат стигнаа до три гола предност, а потоа и до „плус 4“ во 42 минута.

Го имаа домашните расположениот Галевски меѓу стативите кој имаше неколку одбранети седмерци, токму во периодот кога се правеше предноста. На средината на второто полувреме преку Петковски, домашните зголемија на 24-19, и тоа беше знак дека мечот е веќе решен. Бутел немаше сили за истото темпо како во првото полувреме, а победникот на Купот мораше во комплетен состав да игра за да ги реши дилемите.

Она што го градеше Бутел во првиот дел, целосно се сруши во последната четвртина, кога предноста дојде до максимални „плус 9“ . Немаше шанса Бутел да биде на нивото од првите 30 минути. Домашните запишаа нова победа останувајќи на делба на првото место на табелата.

Филип Николов постигна само еден гол во второто полувреме и имаше вкупно девет зад своето име кај Бутел, а кај домаќинитеМартин Серафимов постигна шест гола.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР24122200240
2АЛКАЛОИД14622200240
3ТИКВЕШ 2014422113825
4БУТЕЛ-13221201024
5ПРИЛЕП-8622731217
6ПРОЛЕТ-4522651117
7КУМАНОВО-12522501710
8БОРЕЦ Ф.Л.-1522224168
9СТРУГА-1762231187
10РАДОВИШ-2292222186