Македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера.
По двете сезони во составот на Славија Прага, битолчанката не се пресели далеку и потпиша за словачката Дунајска Стреда.
Станува збор за екипа што заврши на второто место во словачкиот шампионат, а го освои трофејот во регионалната МОЛ лига.
Јанкуловска одигра сезона за паметење во Чешка, особено во плеј-офот и беше меѓу најзаслужните за титулата на Славија Прага, но сега ја чека нов предизвик.
Во Македонија, битолчанката три сезони настапуваше за Ѓорче Петров, претходно беше дел од екипите на Куманово и матичниот Пелистер.
Јанкуловска со тимот на Ѓорче Петров освои три домашни титули, како и една Куп титула, додека со Куманово се радуваше на две титули во националниот шампионат и на едно злато во Куп натпреварувањето на Македонија.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























