- Некогашниот лев бек на Вардар, Матија Николиќ, ова лето замина од Војводина и се пресели во грчкиот шампион Олимпијакос. Таму ќе игра со уште еден поранешен вардарец, Анте Кудуз.
- Рускиот среден бек Игор Карлов по две сезони во словачкиот првак Татран Прешов ќе се врати во татковината и ќе го облече дресот на шампионот ЦСКА Москва. Претходно Карлов играше за шпанскиот Бургос.
- Тимот на Ал Ахли го назначи за тренер најдобриот египетски ракометар во историјата, Хусеин Ал Заки. Тој го предводеше Бурган од Кувајт до титула во азиското клупско првенство, а сега се враќа во татковината.
- Шпанецот Алберто Ентрериос и натаму ќе биде предводник на екипата на Лимож, откако ја продолжи соработката до 2030 година. Тој го води Лимож од 2022 година и ќе комплетира осум сезони на клупата.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























