Пролет со камата ѝ наплати на Струга

Екипата на Пролет и се реваншира на Струга за поразот во првото сезонско соочување (34:29), откако пред својата публика славеше со 38:26 во натпревар од 14. коло од Супер лигата. За Пролет ова беа два важни бода и со денешната победа го зголеми бодовното салдо, сега има 13 бода и останува во игра за плеј-офот.

По нерешените 2:2, избраниците на Јовиќ полека, но сигурно започнаа да воспоставуваат резултатска контрола, разиграни беа Бакар и младинскиот репрезентативец Стојановски, а одбраната на домаќините во последните десет минути од првиот дел беше клучна за направената разлика.

Пролет знаеше како да дојде до реализација и со неколку мини серии стигна до 16:10 во 25 минута. До овој период, само четворица играчи на Струга се запишаа во листата на стрелци. Во финишот од првиот дел кај домаќините профункционираа искусните Шилегов и Андоновски, па така Пролет на пауза замина со предност од 18:14.

Во вториот дел Пролет до 48 минута постојано водеше со четири до пет гола разлика, а во финишот целосно ги казни грешките на ривалот и дојде ди убедлив триумф, со кој останува во игра за пласман во плеј-оф фазата. Иако на моменти Струга покажуваше квалитет, сепак, грешките во вториот дел беа причина за високиот пораз.

Листата на стрелци во победничката екипа беше предводена од Андреј Стојановски и Мохамед Бакар, двајцата постигнаа по шест гола, а по пет имаа Ласко Андоновски и Томислав Димковски. Кај Струга најефикасен беше Ненад Костоски со осум гола, пет додаде Богдан Мијушковиќ, а четири запиша Филип Пајкоски.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186