Antonio GERONA SALAET (coach), Iceland vs Serbia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 12.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Херона на излезна врата од Србија, РСС веќе има фаворит за негова замена?!

Ракометната репрезентација на Србија одигра катастрофално ЕП во Германија, за што сведочат и резултатите во групната фаза. Србите настапија во групата Ц заедно со репрезентациите на Унгарија, Исланд и Црна Гора. Пред почетокот на ЕП српските медиуми и самите ракометари ја  оценија оваа група како поволна, група во која може да се оствари добар резултат а следствено на тоа и генерално добар и позитивен резултат на ЕХФ ЕУРО 2024.

Меѓутоа не одеше се по планот. Србија на стартот ремизираше со Исланд, иако имаше добиен натпревар. И покрај пехот јавноста сметаше дека тоа е голем бод, ако се знае дека е освоен во дуел со Исланд, репрезентација на која и се даваа големи шанси за одличен настап на ЕП. Но се покажа дека и Исланд не беше тоа што многумина мислеа дека ќе биде. Веќе во второто коло србите требаше да продолжат уште посилно и да покажат дека се материјал за висок пласман, но следуваше ладен туш од Унгарија и прв пораз на ЕП. „Капак“на се беше последниот меч кој со победа требаше да ги одржи шансите на Србија за пласман во следната фаза, но Црна Гора се бореше до крај и успеа да и го нанесе и вториот пораз на Србија на ова првенство за комплетно ракометно разочарување кај нашиот северен сосед.

И кога ќе се случи ваков потоп, секогаш прв на тапет е селекторот. Тони Херона е човекот кој даде надеж дека Србија може да излезе од бездната во која беше западната, посебно од лошите односи внатре во репрезентацијата кои многумина негови претходници не успееаа да ги решат. Шпанецот ја подмлади репрезентацијата, се ослободи од таканаречените „ѕвезди“ кои сметаа, и се чини дека тргна на вистинскиот пат. Но резултатите не говорат така. Две големи натпреварувања на кои Србија не ги исполни очекувањата, посебно на ова ЕП на кое тие беа големи. Не беа изборени барем  квалификации за Олимписки игри, а тоа според српските медиуми е довоолно за заминување на Џерона од селекторското столче.Тоа го потврдува и изјавата на претседателката на РСС, Милена Делиќ која по завршувањето на мечот со Црна Гора изјави дека е време за нов четворогидишен циклус.

На ракометарите им беше обезбедено се. Имаа подобри услови од многу репрезентации во регионот. Ќе почекаме, ќе размислиме со ладни глави, ќе анализираме и плански ќе тргнеме во нов циклус за Олимписки игри. Добро работиме со младинските селекции,и ова ќе биде момент за нивна подготовка за олимписките игри 2028.-изјави Делиќ за срспките медиуми.

Во српската ракометна јавност веќе се шпекулира за наследникот на Херона, а се чини најмногу шанси да седне на жешкото столче има тренерот на Тулуз, Даниел Анѓелковиќ. Моментално еден од најперспективните српски тренери беше избран за најдобар тренер во Франција во конкуренција со еден Раул Гозналес од ПСЖ, и Патрис Канаје од Монпелје. Наскоро треба да бидат објавени и финалните преговори, но за тоа се прашува и Тулуз со кој Анѓелковиќ има договор до јуни наредната година.