Хансен: Сега е вистинското време за крај

Можеби помалку и неочекувано, легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен ќе ја заврши кариерата на 36 години.

На една година пред истекот на договорот со Алборг, Хансен на прес-конференција објави дека прекинува со активното играње ракомет.

„Скоро 20 години живеев со спортот што го сакам. Играв за некои од најголемите клубови во светот и за една од најдобрите репрезентации. Играв со некои од најдобрите играчи во светот, имав некои од најдобрите тренери и запознав многу неверојатно луѓе надвор од теренот. Имав и подеми и падови. Се уште уживам во играта и давам 100% од себе. Но мислам дека дојдов до моментот кога почувствував дека други работи во животот ми станаа поважни. Затоа сметам дека ова лето е вистинското време да прекинам и да ги закачам патиките на клин“, изјави Хансен.

Тој откри дека посакува да игра и на Олимписките игри во Париз, но дека се уште не е јасно дали тоа ќе се случи.

Микел Хансен на лето оди во пензија!