Микел Хансен на лето оди во пензија!

Иако требаше да биде официјализирано утре, сепак данската ТВ2 денеска ја објави информацијата дека легендарниот Микел Хансен ќе ја заврши кариерата!

Една година пред истекот на актуелниот договор со Алборг, Хансен и неговиот клуб ќе ја потврдат оваа одлука на прес-конференцијата закажана за утре.

Тој во моментов е надвор од терените поради повреда на препоните, но би требало да биде подготвен за решавачките натпревари од плеј-офот и од Лигата на шампионите.

Во богатата кариера Хансен беше дел од Хелсингор, Вирум, ГОГ Гудме, Копенхаген, како и големите Барселона и ПСЖ, пред да се врати во татковината.

Беше прогласен за ракометар на годината во 2011, 2015 и 2018 година, а со националниот тим на Данска има три злата и две бронзи од СП, злато, две сребра и бронза од ЕП, како и злато и сребро од ОИ.

Дали неговите последни натпревари ќе бидат на Олимписките игри во Франција ова лето останува да видиме.

Алборг и Хансен закажаа итна прес-конференција, ќе соопштат „нешто важно“!