Голманот Лука Кривокапиќ е нов член на српскиот шампион Партизан. Тој ја прекина соработката со шпанскиот Гранољерс, со кој имаше договор до 2027 година, и го засили тимот на тренерот Раул Гонзалес.
Зад 24-годишниот голман е исклучително успешна сезона, во која на голот на шпанскиот клуб одлични партии.
Кривокапиќ беше еден од важните фактори во играта на еден од најдобрите тимови во Асобал лигата, кој сезоната ја заврши на третото место, зад Барселона и Ла Риоха.
Кривокапиќ со Партизан потпиша договор на две години и ќе формира трио со Бекир Чордалија и Андреј Трнавац.























