Чупиќ: Мелсунген е фаворит, но тоа ќе мора да го докаже на теренот!

Вардар в четврток го очекува тежок предизвик на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, бидејќи „црвено-црните“ ќе гостуваат кај германскиот Мелсунген.

Тренерот Иван Чупиќ очекува поинаков натпревар од оние кои двата тима ги одиграа минатата сезона и верува дека неговиот тим може да покаже дека е подготвен за европската елита.

„Очекуваме сосема поинаков натпревар од оние што ги одигравме против Мелсунген минатата сезона. Сега станува збор за почеток на Лигата на шампионите, а нашиот противник е комплетен и на натпреварот влегува како фаворит. Сè уште имаме неколку дена за добра подготовка и во Германија ќе патуваме решени да покажеме дека сме подготвени за ова натпреварување. Мелсунген ќе мора на теренот да го потврди статусот на фаворит, додека наша задача е да одиграме сериозен натпревар и да се бориме за позитивен резултат“, изјави Чупиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Мелсунген се игра в четврток од 20:45 часот, а ден претходно ќе играат Нант и Висла Плоцк.