„Групата е поволна за нас, имаме шанси за пласман на ЕП“

Репрезентацијата на Литванија е еден од ривалите на македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2026.

Литванија освен со Македонија, во квалификациите за ривали ги има уште Естонија и Словенија.

Селекторот на Литванија, Гинтарас Савукинас, ја коментираше ждрепката и истакна дека неговата репрезентација има шанси да обезбеди настап на континенталниот собир.

,,Репрезентацијата на Словенија е една од посилните тимови во Европа, со многу искусни играчи, кои што играат во Лигата на шампионите. Дефинитивно, Словенија е фаворит во групата. Македонија е редовен учесник на светските и европски првенства, додека со Естонија често се среќаваме на пријателски турнири. Групата е доста поволна за нас и имаме можност да се бориме за билет за ЕП”, изјави Савукинас.

Македонија првиот квалификациски дуел со Литванија ќе го одигра во рамки од второто коло.

Maкедонија ќе брка ЕП преку Балтикот и Словенија!

 

Познат возниот ред: Старт со Естонија дома, двомечот со Словенија во 2025