Maкедонија ќе брка ЕП преку Балтикот и Словенија!

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2026 година.

Mомците на Кире Лазаров ќе бидат дел од групата 1 со селекциите на Литванија, Естонија и Словенија. Со Словенците имаме победа на големо натпреварување, но имаме негативна традиција, додека Литванија не ни е во прекрасно сеќавање, кога не запре на патот кон СП 2011 година.

Натпреварите од квалификациите ќе се играат во три ЕХФ недели. Започнуваат веќе во октомври оваа година (4-10/10), потоа во март 2025 година (10-16/3) и во мај 2025 (5-11/5), по што ќе бидат познати сите учесници на ЕП 2026.

Пласман на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири од третопласираните селекции. Директно место на ЕП 2026 имаат домаќините Данска, Шведска и Норвешка, како и светскиот првак Франција.

Европското првенство во 2026 ќе се игра во четири града – Осло, Хернинг, Малме и Кристијанштад. Хернинг ќе биде домаќинот на две групи (А и Б), потоа на групата 1 од главната рунда и на завршниот викенд. Осло ќе биде домаќин само на две групи (Ц и Д) од прелиминарната рунда. Во Кристијанштад ќе се игра групата Ф, во Малме на програмaта ќе биде групата Е, како и групата 2 од главната рунда.