Познат возниот ред: Старт со Естонија дома, двомечот со Словенија во 2025

Денеска во данската престолнина Копенхаген беше извршена ждрепката за квалификациските групи за Европското првенство 2026.

Како што е познато, машката сениорска репрезентација на Македонија се најде во група со репрезентациите на Литванија, Естонија и Словенија.

Избраниците на Кире Лазаров првиот квалификациски дуел ќе го одиграат против Естонија на домашен терен, а квалификацискиот циклус ќе го завршат со дуел против Литванија, исто така на домашен терен.

Распоред на квалификациските натпревари:

  1. коло: Македонија – Естонија
  2. коло: Литванија – Македонија
  3. коло: Македонија – Словенија
  4. коло: Словенија – Македонија
  5. коло: Естонија – Македонија
  6. коло: Македонија – Литванија

Натпреварите од квалификациите ќе се играат во три ЕХФ недели. Започнуваат веќе во октомври оваа година (4-10/10), потоа во март 2025 година (10-16/3) и во мај 2025 (5-11/5), по што ќе бидат познати сите учесници на ЕП 2026.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации, како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.

Европското првенство во 2026 ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка, а домаќини ќе бидат четири града – Осло, Хернинг, Малме и Кристијанштад.

Maкедонија ќе брка ЕП преку Балтикот и Словенија!