Тимот на Горење Велење, каде што игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, ја продолжи победничката серија во словенечкиот шампионат.
Во натпревар од 6 коло, Горење беше подобар од Иванчна Горица со 31-25 на домашен терен во „Рдеча Дворана“.
Македонскиот десен бек ја продолжи одличната форма и беше најдобар стрелец со седум гола во противничката мрежа.
Во следното коло Иваноски и Горење Велење, кој досега запиша четири победи во шест меча, ќе гостува кај Шкофлица.
























