Во новото издание на Лигата на Европа во женска конкуренција ќе играат 35 екипи, а 18 од нив својот пат ќе го започнат од второто квалификациско коло, меѓу нив и македонскиот првак Ѓорче Петров.
„Лавиците“ ќе бидат во прв шешир пред ждрепката, но може да добијат тешки ривали од типот на романската Валчеа и шпанската Бера Бера.
Има и добри опции од типот на швајцарската Амичитија Цирих и турскиот првак Јенимале, но и незгодни тимови како полскиот Кобержице, унгарскиот Вац, францускиот Дижон…
Деветте победници од второто коло, ќе се пласираат во третото каде веќе ги чекаат 15 екипи и ќе бидат формирани 12 двојки. Победниците од таа рунда ќе обезбедат место во групната фаза.
Натпреварите од второто квалификациско коло ќе се играат на 5/6 октомври, како и на 12/13 октомври годинава. Ждрепката за двојките од втората и третата квалификациска рунда ќе биде на 16 јули од 11:00 часот.