Актуелниот шампион на Македонија, Ѓорче Петров, продолжува со победничката серија во домашниот шампионат.
Избраничките на Симе Симовски за ривал во 4. коло од Женската лига го имаа тимот на Спартак и многу лесно дојдоа до убедлива победа од 41:27.
Победникот беше познат уште по првото полувреме, кое „лавиците“ го добиаја со 12 гола разлика, 23:11.
Во таборот на Ѓорче Петров по шест погодоци постигнаа Емилијана Ризоска и Катерина Дамјаноска, додека по пет реализации имаа Ана Марија Коларовска, Ангела Јанкуловска и Милица Николиќ.
Кај Спартак единствена светла точка беше Ангела Гроздановска, која беше и најефикасна на натпреварот со 12 погодоци.