По 15 одиграни кола во Женската лига нема големи промени на табелата, лидер останува актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, кој во досегашниот тек од сезоната има 100% учинок.
За втората позиција моментално се борат три екипи – Чаир, Металург Автокоманда и Куманово, кои допрва треба да ги играат меѓусебните дуели од вториот дел од сезоната, додека на петтото место е позициониран Вардар.
Токму Вардар го затвора кругот на екипи кои влегуваат во комбинација за место во ТОП 5, бидејќи останатите учесници, според квалитетот и резултатите од првиот дел од сезоната, немаат шанса за голем прогрес, па така не очекува и интересна борба за средината на табелата.
Стружанка засега е на 6. позиција, потоа следуваат Скопје Деспина, Пелистер, Овче Поле СУ…Сите екипи кои варираат од споменатата позиција, па до 11 место, имаат шанси да се позиционираат зад Вардар, разликата во бодови е мала и само нијанси би решавале која екипа ќе оствари подобар пласман.
Екипата на Гевгелија е единствената која на 15 одиграни натпревари не успеа да освои ни бод, па така клубот од најјужниот град во Македонија ќе се бори да го избегне дното.
Женска лига, 15. коло, резултати:
Пелистер – Чаир 24:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Куманово 23:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Деспина 33:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Гевгелија 28:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Скопје 29:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Овче Поле СУ 30:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Ѓорче Петров 18:37 (ИЗВЕШТАЈ)