Чаир триумфално низ Битола

Ракометарките на Чаир забележаа нов триумф во Женската лига, откако славеа против Пелистер во Битола со 33-24.

Битолчанки одржуваа пристојна негатива на стартот, но по 7-5, Чаир постигна четири гола во серија за 11-5 и јасно беше каков тек ќе има овој натпревар.

До паузата гостинките обезбедија плус осум, 21-13, па можеа мирно и рутински да ја доработат задачата од 15 коло.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стеафанија Ѓеоргиевска со осум и Теодора Дукоска со шест погодоци, а кај Пелистер се истакна Кристина Наумовска со седум.

Во следното коло што ќе се игра по паузата за ЕХФ недела, Чаир ќе игра дома со Стружанка, а Пелистер ќе му гостува на Скопје.