Ракометарите на Струга на гостувањето кај Младост Богданци триумфираа со 21:20 и се пласираа во групната фаза од Купот на Македонија.
Иако Струга во поголемиот дел од првото полувреме имаше предност, сепак, домаќините се изборија за нерешено на полувреме, 11:11. Нерешениот резултат на пауза навестуваше дека ќе гледаме возбудливо второ полувреме, во кое голманот на Струга, Огњен Остиќ, се изнабрани, а една од неговите интервенции беше вредна за победа.
По нерешените 14:14, домашниот тим со головите на Мирчески и Гогов конечно дојде до плус два, 16:14. Младост Богданци при предност од 18:16 не реализираше за плус три, па така избраниците на Таневски направија комплетен пресврт и во 50-та минута поведоа со 19:18.
Домаќините со голот на Ѓуриќ излегоа од малата криза и израмнија на 19:19. Во последните пет минути имаше бркотница низ теренот, а домашниот тим на десетина секунди пред крајот имаше можност да израмни, но расположениот Остиќ не дозволи да биде совладан, па можеше да започне славјето на гостинската екипа.
Најефикасени во победничката екипа беа Александар Стојков и Ненад Костоски, двајцата имаа по шест погодоци. Прво име кај домаќините беше Ѓорѓе Ѓуриќ со пет реализаици, по четири имаа Антонио Николоски и Уча Гамзардија.
Куп на Македонија, елиминации:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево 40-22
Бутел Скопје – Металург РА 39-23
Аеродром – Македонија ЃП 29-28
Младост Богданци – Струга 20-21
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ